Андерсон Силва сака да учествува на Олимписките игри 2016 во Рио!

anderson-silva-walkin

Бразилецот Андерсон Силва сериозно размислува дали да земе учество на Олимпијадата во 2016 година во Рио де Жанеиро.

Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија е носител на мајсторски појас (црн) 5 дан во таеквондо. Тој веќе испрати официјално писмо до претседателот на Бразилската таеквондо федерација, Карлос Фернандес, со барање за учество на следните Олимписки игри.

Според извори блиски до претседателот, Фернандес лично ќе се сретне со Силва, за да може да разговараат за евентуалното учество на ММА борецот на игрите.

Силва во моментов е отстранет поради позитивен допинг тест и се очекува во мај Атлетска комисија на Невада да има слух.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО