ИОК не му даде шнаса на Дејан Митров за Олимписките игри во Рио

Dejan  mitrov so znameto vo mok

Дејан Митров не е меѓу имињата што добија покана за учество на олимписките игри во Рио де Жанеиро летово, бидејќи на состанокот во Вевеј, Швајцарија, Обединетото светско борење (ОБС) во објавените имиња на четворицата претставници во слободен стил не го соопшти и на нашиот репрезентативец. Tрипартитна комисија на ИОК ги додели вајлд картите без остварена норма.

Четирите вајлд карти се за Камбоџа и Хондурас во женска, Хаити и Палау во машка конкуренција во слободен стил за Олимписките игри во Рио.

Македонскиот олимписки комитет и Федерацијата за боречки спортови на Македонија имаа големи надежи дека репрезентативецот Дејан Митров (до 65 кг) ќе добие дополнителна шанса за „Рио 2016“, аплицираа и за покана до ИОК, но за одлуката на Комисјата знаеле уште на 24 мај. МОК може да се надева само некој од домашните борачи да се откаже.

 Аснаж Кастели (-74 кг) од Хаити, Скиланг Флоријан Теменгил (125 кг) од Палау добија покани во слобдоден стил и Содеара Чов од Камбоџа и Бренда Бејли Гомезод (Хондурас ќе настапат до 48 килограми.

Четири вајлд карти обично се резервирани за земјата домаќин, а ќе бидат утврдени од страна на Трипартитната комисија, која за ова допрва треба да решава.

МОК бара вајлд карти и за таевондистката Петра Матијашевиќ, кајакарот Атанас Николовски, џудистката Катарина Николоска и велосипедистот Андреј Петровски. Досега позитивно е одговорено само на едно, за стрелачката Нина Балабан.

Ipon.mk/В. Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО