Женскиот ката тим најдобар на Балканот, сребра за машкиот тим и Роберто Здравковски (ФОТО)

Zenski kata tim sampioni BP 2016

Женскиот ката тим на Македонија од 13-14 години во состав Владнка, Ивона и Миа е најдобар на Балканот, бидејќи во финалето на Балканското првенство за деца во Блеград го совладаа репрезентативниот тим на Босна и Херцеговина со 3-2, а машкиот беше поразен во финалето од Турција и го освои сребрениот медал.

Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска повторно покажаа дека се најдобри на Балканот. Во првото коло ја победија репрезентацијата на Србија со 5-0, во второто Црна Гора со 4-1 и во финалниот меч славеа над Босна со 3-2, која претходно ја победи Турција 3-2.

Да потсетиме дека оваа е 4 медал од Балканските натпреварувања на ката тимот: 2013 година- златен медал, 2014 и 2015 бронзен медал и 2016 година златен медал.

Roberto zdravkovski borba BP 2016

Роберто Здравковски (-45 кг) до 13 години го освои сребрениот медал откако во финалето беше поразен од Турчинот Берке Басаран.

Maski kata tim broza BP 2016

Машкиот ката тим од 11-12 години го освои бронзениот медал. Петар Аврамов, Никита Николоски и Лазар Стоев го освоија бронзениот медал победувајќи ја репрезентацијата на Турција со 3-2.

Симона Николовска (+42) бронзен во борби за деца од 11-12 години,

Вчера и завчера медали освоија: Матеј Белистојаноски (-35 кг) до 11 години е балкански шампиона во борби, како и Јасин Османи (-50 кг) до12 години и Омер Мулсији (-55 кг) до 13 години;Бојан Косотов (-40 кг) до 12 години и Иво Мишачковски (-63 кг) до 14 години ги освоија сребрените медали во борби.

Витомир Трајковски (+50 кг) и Арбин Ферати (-35 кг) до 12 години освоија бронзени медали, како и Давид Саревски (-70 кг) до 14 години.

Марија Милева (- 47 кг) до 14 години стана балкански шампион, а Сухејла Исаки (-37 кг) до 12 години освои бронзен медал,  како и Кристијан Бајовски во кати за деца до 13 години поединечно и Марко Бунтески за деца до 14 години.

Македонија вкупно досега освои 17 медали – 5 златни, 4 сребрени и 8 бронзени.

На натпреварот учество земаа 831 натпреварувач од 11 држави: Македонија, Србија, Црна Гора, Турција, Бугарија, Словенија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Романија и Косово.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО