Инспиративни семинари на Борче Лескаровски во Охрид и Кичево (ФОТО)

Македонскиот карате мајстор Борче-Борис Лескаровски го одржa во родното Кичево на 5, 6 и 7 август.

Ова бешe специјален семинар „карате до“ – ојо бункаи хеиан, анан но ката.

„Семинарот во Кичево го организирав со клубот Ускана кој го предводи Неџби Дервиши. Се одржаа 4 тренинзи, и и ја донесов анан ката. Децата беа имнпресионирани од моето искажување. Сите ја научија катата. И нагласив дека понатму треба да се усовршува. Најверојатно тоа ќе се случи наесен, во октомври или номеври“, вели сенсеи Борче Лескаровски кој има свој клуб  во Швајцарија и присутен во Швајцарската федерација, а неговите ученици освојуваат медали на меѓународната сецна. Така, неодамна на Европските универзитетски игри (ЕУИ) во Лоџ, Полска, Сирил Маилефер го освои бронзениот медал во категорија до 67 килограми, во која триумфираше нашиот Давид Петков.

„Ми беше драго од срце да им го пренесам моето занење“, вели емотивно Лескаровски и нагласува:

„Децата брзо се прилагодија од шотокан на шиторју, бидејќи ова е една од најизведуваните кати и со неа се освојуваат медали на меѓународната сцена.

Од друга страна, родителите беа задоволни што одржав семинар во родното Кичево и тоа што им го пренесувам заењето на младите. Ми се јавија и колеги од Македонија кои понудија соработка во иднина“.

Лескаровски зборува со многу инспирации за еднодневниот семинар што се одржа во Охрид со мајсторите Милан Димитриевски, Ѓоко Томоски и Владимир Јовановски.

„Тренингот траеше 2:30 часа, беше интресен и инспиративен, да се најдат на едно место повеќе мајстори од различни стилови. Разменивме искуства и се договоривме за соработка“.

А на Фејсбук напиша:

Карате до е уметност на внатрешно и длабоко изучување, уметност на спознавање себе си. Каратедо е пат на медитација“.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО