Пауло Коста се раздели со менаџерот, за да ја постави девојката на таа позиција

31-годишниот бразилски УФЦ борец Пауло Коста (13-2) две недели пред борбата со Лук Рокхолд (16-5) објави дека неговата кариера веќе не ја раководи Валид Исмаил, туку неговата девојка Тамара Алвеш. Коста е второто големо име од УФЦ што се раздели со Исмаил во последните недели.

Неодамна Дејвисон Фигуередо (21-2) реши да се раздели со Исмаил, кој не штедеше навреди кон него. Коста се враќа на 20 август на УФЦ 278 во Солт Лејк Сити, САД. Пауло ќе се обиде да ја прекине серијата од 2 последователни порази.

„Не можам да кажам ништо лошо за Валид. Тој е чесен човек и професионалец. Едноставно имаме различни ставови за мојата кариера. Поради тоа решивме повеќе да не работиме заедно“, изјави Коста на својот канал на Јутјуб.

Коста има 13-2 во ММА и е во серија од 2 порази. Последен пат падна со одлука на судиите кон крајот на 2021 година од Ветори. Пауло победи на 12 средби со завршница, 11 пати со нокаут.

Во септември 2020 година се бореше за титулата и загуби со нокаут од Израел Адесања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО