Се предаде убиецот на Леандро Ло: Имал сличен инцидент во ноќен клуб пред пет години

Смртта на Леандро е голема загуба за целиот спорт.

Вчера и завчера пишувавме за големата загуба во боречките вештини. Имено, легендата на БЏЏ и еден од најдобрите борци Леандро Ло беше убиен за време на викендот во бразилски ноќен клуб. Стануваше збор за концерт во Сао Паоло, а тој беше убиен од полицаец кој не бил на должност, кој сè уште носел службен пиштол.

Полицаецот се вика Хенрике Отавио Оливеира Велозо, а го убил легендарниот Ло поради расправија за шише алкохол кое било на масата на Леандро. Сведоците рекоа дека Леандро го соборил полицаецот на подот и го држел додека другите не ги разделат. Откако станале на нозе, Велозо направил неколку чекори и го застрелал Леандро во челото.

Како што пренесува бразилскиот портал UOL, Велозо се предал во полиција во понеделникот вечерта, а се испостави дека ова не му е прв инцидент во ноќни клубови. Во 2017 година тој е обвинет дека нападнал колега полицаец исто така во ноќен клуб, но потоа бил ослободен и не поминал ниту еден ден во затвор.

Леандро Ло беше еден од најдобрите борци кои некогаш оделе на душекот. Ги победи Гордон Рајан, Жилберт Барнс, Фелипе Пења, Андре Галвао и други. Тој беше вистински спортист и вистински претставник на БЏЏ, така што ова е голема загуба за целиот спорт.

Почивај во мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО