Домашна сценаКарате
ИН МЕМОРИАМ: Перо Костанчев – признат спортски доктор, голем љубител и поддржувач на карате спортот

Со длабока жалост ве известуваме дека почина д-р Перо Костанчев, соопшти Карате федерацијата на Македонија.
„Карате федерацијата на Македонија изгуби признат спортски доктор, голем љубител и поддржувач на карате спортот, поранешен член и претседател на Лекарската комисија на КФМ.
Д- Перо Костанчев ќе остане запаметен како искрен вљубеник во карате спортот и како човек кој со својата посветеност остави траен белег.
Искрено сочувство до неговото семејство и блиските“, објави КФМ на својата страница.



