Игор Паскоски стана носител на мајсторски појас 4-ти дан, а Берна Шерифовска на 1-ви дан!

Igor i berna horizontalna

Џудо репрезентативката Берна Шерифовска се стекна со мајсторски појас -црн 1 дан, а нејзиниот тренер Игор Паскоски стана носител на мајсторски појас 4 дан.

И двајцата ги исполнија високите критериуми на дан-комисијата и со сигурна и беспрекорна демонстрација на џудо катите ја заслужија промоцијата во повисок дан (степен).

„Берна Шерифовска е најмладиот македонски џудист носител на мајсторски појас. Шансата да биде унапредена во џудо мајстор ја доби по одличните резултати во 2015 година, која се закити и со два медала од балканските првенства, нешто што досега не успеал ниту еден џудист од Македонија“, вели Паскоски.

Игор и Берна со Славко Обадов
Игор и Берна со Славко Обадов

Паскоски е тренер на најуспешниот џудо клуб во Македонија (ЏК Миоки) и во моментов го има највисокиот сертифициран дан појас во џудо во државата. Паскоски е еден од ретките тренери со ICECP сертификат стекнат по специјализацијата во САД и Швајцарија.

Полагањето се одржа од 28 до 31 јануари  во Нови Сад – Србија, пред 11 члена комисија составена од врвни џудо авторитети, меѓу кои и носителот на 9 дан мајсторски појас, д-р Славко Обадов, кој е своевидна легенда на џудо спортот на овие простори.

Igor postroen an polaganje

На настанот учествуваа преку 50 кандидати од 4 држави, меѓу кои и Берна Шерифовска и Игор Паскоски, како кандидати од Македонија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО