Игор Паскоски: Хамза Јашари прогресивно чекори кон елитата на џудо спортот

Хамза Јашари прогресивно чекори кон елитата на овој спорт во неговата возрасна група, вели неговиот тренер Игро Паскоски и нагласува дека на последните четири европски купа Хамза три пати се пласира во финалето и освои 2 златни медали.

„На Европскиот куп во Загреб прикажа одлични борби кои со посебен интерес беа следени од присутните. Без многу тактизирање во сите борби одеше на победа, со постигнување на поени преку примена техниките на фрлања, а тоа ги правеше неговите настапи многу атрактивни за гледање. Противниците го гледаат голем со респект а тренерите и стручните тимови веќе ги анализираат неговите борби, со цел да направат стратегија за своите џудисти. Засега анализите не им одат во прилог, затоа што Хамза е технички доста „поткован“ и секогаш има некава техника за „изненадување“. Се надевам дека ќе продолжи со истото темпо“, вели Паскоски по златниот медал на хамза Јашари на Европскиот куп за кадети во Загреб.

Паскоски потенцира дека во 2018 година таргет ќе бидат Европското првенство за кадети и Младинските Олимписки игри во Аргенитина, се разбира, доколку постигне норма за учество, што е сосема реално и достижно.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО