Злато за Марио Цинцароски, бронбза за Орде Трајкоски на „Фуат Гаши“ во Пеќ (ФОТО)

Кадетите на Сеишин Марио Цинцароски (+90 кг) и Орде Трајкоски (-73 кг) денеска освоија златен и бронзен медал на Меѓународниот меморијален џудо турнир „Фуат Гаши“ во Пеќ, Косово, во организација на ЏК Кодокан.

На овој турнир учествуваа околу 100 натпреварувачи од четири држави: Косово, Македонија, Албанија и Црна Гора.

Сеишин во следниот период продолжува со настапи на меѓународен план во исчекување на одредување термини за државните првенства, велат од клубот, нагласувајќи дека тие се уште не се закажани од страна на Џудо федерацијата на Македонија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО