Игор ММА и Нокаут во Битола организираат хуманитарни тренинзи и донации за Горазд Николоски!

igorju vo blagodarna misija

„Игор ММА Битола“ и Бокс и Кикбокс клуб „Нокаут“ организираат секој ден хуманитарни тренинзи и донации, за да му помогнат на нивниот сограѓанин и другар, Горазд Николоски-Гого, на кого му е потребна помошта сега од кога и да е!
На гого му е дијагностициран „оsteo blasten sarcom“, што значи прогресивен тумор на фемурот на ногата и му е потребно итно и скапо лекување во странство.
„Ве ЗАМОЛУВАМЕ да дојдете во просториите на клубот на Улица „Борис Бастеро“ бб во ОУ „Даме Груев“ (Малото), тренирајте и донирајте или, пак, само дојдете и донирајте, на ГОГО сега му е потребна Вашата помош“, истакнуваат од овие два клуба, кои се вклучија во благородна мисија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО