И ова се случува: Среде меч на боксер му испадна мобилниот од шорцевите!

marvin-jones

Каде е мобилниот?! Не, ова не е првоаприлска шега од профи-рингот. Американските медиуми пренесоа дека оваа се случило на професионалниот боксерски меч меѓу Марвин Џоунс и Рамон Луис Николас и тоа уште минатата недела.

Дури и судијата во рингот бил шокиран кога забележал дека на стартот на првата рунда, на подот се најде мобилниот телефон на Џоунс кој бил во неговите шорцеви.
Џоунс беше поразен, по што рече дека „инцидентот“ со телефонот бил виновен за поразот.
Според него, тој слушал музика на телефонот при загревањето и му бил ставен во шорцевите. Подоцна ги извадил слушалките, но го заборавил телефонот, па тоа било доволно да ја загуби концентрацијата.
– Па мојот телефон падна на рингот и тоа го видоа сите во салата и на телевизија. Замислете какво е чувството, – вели Џоунс за својот гаф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО