Победникот на Карате 1 Премиер лигата во категоријата до 84 килограми Берат Јакупи стартуваше бледо против Алем Купусовиќ (БиХ). Се провлече. Купусовиќ му водеше со 2:0, дури во финишот успеа да му изедначи и со судиска одлука да победи. Затоа со против Хрватот Анџело Квесиќ не си дозволи луксузирање, сллавеше убедливо 9:0. Со Алвин Караќи водеа интересна борба и ја доби со 2:1 за финале Иван Квесиќ (Хрватска), но заработи повреда на аркадата.
Сашко Патраклиев и Дамир Задро беа мирољубиви, средбата заврши 0:0, па со судиско прегласување Босанецот отиде понатаму. Огнен Груевски претрпе пораз од Словенецот Јус Маркач 5:0.
Во категоријата до 75 килограми Викто Крстевски славеше против Љубиша Михајловиќ (ЦГ) 2:0, но минимално загуби од Србинот Никола Јовановиќ 5:4.
Иво Цветковски од прва нагази за финале. Со 2:1 ги совлада Урош Мијалковиќ (Србија) и Анес Чонго (БиХ), а со 4:1 Стефан Петков (Бугарија). Противник за златниот медал ќе му биде Богдан Мишовиќ од Србија.
Румена Балшевска добро почна, со 3:2 ја совлада Љубица Зекиќ (Србија) во категоријата до 61 килогам, но во вториот настап загуби со 1:0 од Мерве Балтај (Турција). Ана Марија Несторовска и Наташа Стефановска со 2:0 беа поразени од Кристина Свиленова (Бугарија) и Сања Цвркота (Србија), додека Симона Ангеловска со 4:0 беше поразена од Бугарката Мирела Илиева. Стефановска и во репасажот загуби со 3:0 од Јелена Максимовиќ (ЦГ).
ipon.mk/ В. Донев