Македонија карате владетел на Балканот

Павлов, Тодески, Цветковски и Јакупи стана шампиони на Балканот, а Муртиши и Заборска се закитија со сребрените медали. Дејан Црниќиќ беше третопласиран.

2014-10-18 19.53.20

Во македонското финале, меѓу Емил Павлов и Мурат Куртиши, во категоријата до 60 килограми, му припадна на европскиот првак Павлов. Борбата се водеше од дистанца. Во второто финале на македонска репрезентативка, Симона Заборска изгоре во желбата пред домашната публика да се закити со златниот медал, бидејќи јована Перковиќ (Србија) ја совллада со 5:1.

Со максимална ангажираност и концентрација Тоде Ристески со 2:0 го совлада Марин Хркач (БиХ) во финалето на категоријата до 67 килограми. Клучниот момент се случи на 33 секунди до крајот, кога со преден кизаме-цуки во пресретнување освои поен и поведе со 2:0.

2014-10-18 20.06.02

 

Иво Цветковски сигурно ја водеше борбата против Богдан Мишовиќ (Србија)  и со 2:0 дојде до златниот медал на Балканското првенство.

Берат Јакупи (-84 кг) настапи последен од македонските финаллисти. Тој против Иван Квесиќ (Хрватска) беше на висината на задчата. Јакупи славеше со 3:1. На 1:16 секунди до крајот со чако-зуки го освои вториот поен при нерешен резултат. Иако доби опомена за влечење, тој и понатаму напаѓаше и на 12 секунди пред карјот освои уште еден поен.

2014-10-18 17.42.01

А Алмир Цецурањин (ЦГ) и Велимир Јекниќ (Србија) можеби ја прикажаа најдобрата борба. Славеше Цецурњанин со 3:1. Во словенечко-српскиот дуел меѓу Јаса Ристиќ и Сања Цвркота (61) славеше Србинката Цркота со 4:0. Степановиќ Ивана од Србија е шампион во кати (жени), со 3:2 ја совлада Дилара Бозан од Турција. Кај мажите во српскиот дуел Дејан Пајкиќ беше подобар од Ѓорге Срѓевиќ 4:1.

Ана Драшковиќ (ЦГ) против Серап Озелчик (Турција), во категоријата до 50 кг, прикажа атрактивна борба и заслужено славеше со 3:1. Мерве Чобан (Турција) беше подобра од Марина Раковиќ (ЦГ) во финалето до 68 килограми. Победи со 1:0.

Бисерка Радуловиќ имаше поуспешна изведба на ката во репасажот со нашата Мишела Димоска и победувајќи со 5:0 го освои сребрениот медал.

Дејан Црничиќ во репасажот во категоријата до 67 килограми беше многу посигурен во себе и со агресивна борба, во која поените беа добиени со кизаме-цуки и ој-цуки, го освои бронзениот медал совладувајќи го Жељко Крстин (Србија) со 6:0.

Балканскиот шампионат е осиромашен со отсуството на машката репрезентација на Турција, која се подготвува за Светското првенство во Бремен, Германија. Грчката репрезентација воопшто не допатува.

Охриѓани многу не беа заинтересирани да го следат шампионатот, што резултираше со мала посета.

ipon.mk/ В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО