Златен медал и за женскиот ката тим

По вчерашниот фантастичен ден на македонското карате, серијата на успеси продолжи и денес. Женскиот ката-тим е шампион на Балканот.

2014-10-18 18.08.26

Сестрите Мишела и Маријана Димоски и Поликсенија Јовановски беа подобри од хрватскиот состав со 3:2, а со истиот резулатат во финалето славеаја против Турција.

Машката репрезентација во борби беше подобра од Словенија и ја порази со 3:1, но во полуфиналето Босна и Херцеговина славеше  со 3:2. Во репасажот за третото место ја совладаа репрезентацијата на Бугарија со 3:0. Женскиот тим во борби во првото коло е поразен од Турција со 2:0.

ipon.mk/ В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО