И ИБФ го исфрли Поветкин од ранг листата

Раководството на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) го исклучи од ранг листата рускиот боксер Александар Поветкин. Тој имаше позитивен допинг тест на супстанцата „остарин“ во декември 2016 година, неколку часа пред мечот против Бирмејн Стиворн. Б-примерокот на Русинот исто така беше позитивен, тоа беше пресудно за одлуката на ИБФ.

„Поветкин е исклучен од нашата ранг листа една година. Одлуката е донесена во врска со неговите антидопинг нарушувања“, пишува во официјалното мислење на федерацијата.

Пред неколку дена слично решение донесе и Светскиот боксерски совет (ВБЦ), кој му изрече и парична глоба на Русинот во износ од 250 илјади долари.

37-годишниот Поветкин има 31 победа и 1 пораз кај професионалците. Олимпискиот, светски и европски шампион уште не објавил дали ќе ја продолжи кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО