КФМ на кандидатите за репрезентацијата ќе и го плати учеството на Премиер лигата и Балканското првенство

На состанокот по Државното карате првенство за сениори имало доста спротивставени милслења за одредени системски прашања за функционирање на репрезентацијата, однонсо начинот на кој треба да се избираат репрезентативците и воопшто како овој спорт да оди напред од Карате федерацијата на Македонија (КФМ).

По ова од КФМ истканале дека на претстојните критериумски турнири на Карате 1 Премиер лигата во Ротердам, Холандија,  и Балканското првенство во Србија ќе ги платат трошоците на кандидатите за репрезентацијата за Европското сениорско првенство во мај.

Многумина од тренерите забележале дека бројот на сениорите се повеќе се намалува, што можеше да се види и на Државното првенство, поради тоа што како возрасни луѓе треба тие, односно нивните родители, да го плаќаат учетсвото на БП, ЕП или СП, а го носат грбот на Република Македонија.

Така на пример, на неодамна завршеното Европско првенство за кадети, јуниори и јуниори 21, носителот на бронзениот медал Петар Заборски си го плати пати, како и трикратната носителка на медали од европксите првенства Моника Пендароска. Носителот на медалот ќе си ги добие парите назад, поради освоената бронза. Вакви примери има многу, а тоа делува на писхолошката подготвеност, затоа што барањето пари ги истоштува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО