Мејведер му испраќа потпишан договор на Мек Грегор по факс

Флојд Мејведер продолжува да инсистира на бокс мечот со ММА ѕвездата Конор Мек Грегор, при што веќе една година си разменуваат закани и зборуваат по медиумите.

Сепак, сега Мани Меј е подготвен да преземе реална чекор во оваа насока, испраќајќи му на Ноториус потпишан договор за средба.

„Ако навистина го сака овој меч, нека го потпише договорот“, рече Мејведер.

„Продолжува да тврди дека се плашам од него. Но, еве што ќе направам. Уште вечерва ќе го потпишам договорот и ќе му го испратам по факс. Ајде да видиме дали ќе го потпише. Конор Мек Грегор, ти си една кучка“.

„Ти самиот кажуваш дека си шефот. Тогаш потпиши го договорот и ајде да го направиме тоа“, рече уште Флојд.

Минатиот месец Ирецот отпатува до Лас Вегас, за да ги надмине разликите со Атлетската комисија на државата Невада. Следниот чекор би бил да си извади бокс лиценца во истата држава, потоа доаѓаат и следните два чекори – да бидат договорени условите со Мејведер и да бидат договорени истите работи и со УФЦ.

Флојз за возврат додаде:

„Ќе виго  кажам следново – тој е едноставно како куче што лае. Зборува дека ќе ме претепа, но вистината е дека само лае. Штом почнаа приказните за договор, кучето што лае одеднаш замолчи. Ајде да видиме што ќе направи сега“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО