И годинава АМС ќе додели 500 стипендии за млади спортисти!

ams-nagradaa

Агенцијата за млади и спорт (АМС) и оваа годинава ќе додели стипендии за 500 млади и талентирани спортисти- „Спортска надеж“ . 

Оваа спортска стипендија АМС ја доделува на спортисти кои остваруваат резултати на официјални државни и меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години, во олимписки и параолимписки спортови, државјани на Република Македонија.

– Категоријата спортист – спортска надеж се доделува на спортисти во индивидуални и колективни спортови врз основа на остварени спортски резултати и врз основа на подготвена Ранг-листа на најуспешни млади спортисти до 20 години од соодветниот спорт, доставена од страна на националните спортски федерации. Агенцијата за млади и спорт го утврдува статусот на спортистите од категоријата – спортска надеж по претходно прибавено мислење од соодветната национална спортска федерација, се вели во соопштението од АМС.

Националните спортски федерации имаат обврска до 15-ти јули до АМС да достават Ранг-листа на најуспешни млади спортисти до 20 години, како можни кандидати за доделување на стипендијата, како и билтени за остварени резултати и настапи на репрезентациите до 20 години, со аргументи за предложените спортисти.

Правата кои произлегуваат од категоријата спортист – спортска надеж се користат една година, во која се исплаќаат десет месечни парични надоместоци, во висина од 20 отсто од просечната плата исплатена во Република Македонија во претходната година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО