Хва ранг Итф со дебитанти и искусни натпреварувачи на турнир во Перник

Таеквондо  клубот Хва ранг ИТФ” Лескоец-Охрид викендов (сабота) учествува на меѓународен ИТФ турнир до 18 години во Перник, Бугарија.

„На овај турнир ќе настапиме со 10 натпреварувачи, половина од нив се дебитанти, кои за противници ќе ги имаат репрезентативците на Бугарија. Ова ќе биде одличен тест за наредното Европско првенство во април месец во Прага. За дебитантите, да собираат искуство, кои веќе ги следат стапките на повозрасните натпреварувачи и ветуваат дека ќе имаме уште една силна генерација. Како што ни е познато соседна Бугарија е една од најдобрите репрезентации на светот па квалитетот на натпреварот ќе биде на високо ниво“, изјави тренерот Марјанчо Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО