Хва ранг ИТФ освои 15 медали на „Дубровник опен“ – Давид Крстески е најдобар јуниор на турнирот

Хва ранг ИТФ оссвои 15 медали – 6 златни, 4 сребрени и 5 бронзени на Меѓународниот А класа таеквондо ИТФ турнир „Дубровник опен 2022“ во Хрватска.

Освојувачи на медали:

– Давид Крстески

1 место (злато) борби -60 кг јуниори 14-17 години 1 место (злато) форми црн појас И дан, јуниори 14-17 години Пехар за најдобар јуниор 14-17 години

– Елена Јанеска

1 место (злато) борби + 65 кг женски јуниори 14-17 години 3 место (бронза) форми црн појас И дан, женски јуниори 14-17 години

– Христијана Парулеска

1 место (злато) форми црвен појас женски кадети 12-13 години 3 место (бронза) борби -47 кг. женски кадети 12-13 години

– Климент Богоески

1 место (злато) борби, -57 кг. кадети 12-13 години 2 место (сребро) форми зелен појас , кадети 12-13 години

– Теодора Тодороска

1 место (злато) борби -59 кг женски кадети 12-13 години 3 место (бронза) форми жолт појас, женски кадети 12-13 години

– Анастасија Чулческа

2 место (сребро) форми жолт појас , женски кадети 12-13 години 3 место (бронза) борби -51 кг женски кадети 12-13 години

– Бојана Китаноска

2 место (сребро) борби – 27 кг девојчиња 8-10години

– Владимир Димитриевиќ

2 место (сребро) борби – 60 кг јуниори 14-17 години

– Божидар Димитриевиќ

3 место (бронза) борби +85 кг, сениори 18-39 години

На турнирот учествуваа околу 300 натпреварувачи од 24 клубови од 6 земји, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Македонија.

Охридскиот клуб учествуваше со 9 натпреварувачи, во 2 дисциплини форми(борба со замислен противник) и спаринг борби, а Елена Јанеска и Божидар Димитриевиќ беа и во улога на судии.

„На овој натпревар Давид Крстески повторно докажа дека е врвен спортист осовјувајќи злато и во борби и во форми и пехар за најдобар јуниор 14-17 години. На Христијана Парулеска патот до пехар ѝ го прекинаа судиите во полуфиналните борби, осовјувајќи бронза во борби и злато во форми, додека Елена Јанеска покрај тоа што судеше , освои бронза во фроми, а и злато во борби, во финале против домаќините , победувајќи ги и судиите и публиката. Покрај нив и некои помлади натпреварувачи напаравија одлични успеси, од кои можеме да ги издвоиме, Климент Богоески, Теодора Тодороска, Анастасија Чулческа, Бојана, Китановска, кои ветуваат многу успеси за нашиот клуб“, вели тренерот на клубот Марјанчо Лазаревски.

Теквондистите не застануваат тука и веќе се подготвуваат за следниот турнир, најтешкиот за оваа сезона, Меѓународниот турнир „Бугарија опен 2022“ ќе се одржи на 12-ти и 13-ти овој месец во Пловдив, Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО