Хорхе Масвидал му се намерачи на Мек Грегор: Ќе му го повредам лицето и лесно ќе заработам пари

Хорхе Масвидал ја забележа својата најголема победа минатиот викенд во Вегас над Бен Аскрен за 5 секунди и сега бара нови жртва, а една од желбите му е Конор Мек Грегор, иако е близу до борба за титулата во средната категорија. Хорхе смета дека мечот со Конор Мек Грегор за него ќе биде лесна борба која ќе му донесе лесно заработени пари.

„Дефинитивно, имам интерес за борба за титулата со Камару Усман, бидејќи залог е титулата, а јас ја сакам, но може да се случат непредвидени работи и повреди. Постои уште еден борец кој ме интересира и со него можеме да продадеме многу платени гледања и да заработиме пари.

„Јас ги заслужувам парите и никогаш не бегам од битка. Сакам да се борам со Конор Мек Грегор. Сакам да му го повредам лицето. Мислам дека ова се лесни пари. Ќе бидам искрен со тебе и ќе ти кажам дека не гледам како ќе ме победи. Гледам долари на неговото лице“, истакнува Масвидал.

https://www.instagram.com/p/BztTCs9l4hO/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО