Гегард Мусаси – Лиото Мачида на Белатор 228

Поранешниот шампион во Беалатор во средна категорија, Гегард Мусаси, влегува во кафезот за да му с ереваншира на поранешен противник, Лиото Мачида. Тие ќе се борат на Белатор 228 на 28 септември, а настанот ќе го предводат Патрицио Фраер и Хуан Архулета.

Мусаси и Мачида имаа 25-минутна борба во 2014 година на настан на УФЦ во Бразил и „Драгонот/Змејот“ победи со едногласна одлука, а битката беше избрана за борба на вечерта.

Гегард ја загуби титулата во Лондон минатиот месец од Рафаел Ловато со поделена одлука со што ја прекина серијата од 8 последователни победи. Очекуваше реванш, но очигледно нема да го добие. Мачида пак е во серија од четири последователни победи и во последниот меч минатиот месец го нокаутира Чаел Сонен. Нема сомнение дека победникот на овој меч ќе добие шанса да се бори за титулата против новиот шампион во средна категорија Ловато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО