Бриедис и Дортикос ќе се борат за три светски титули

Влогот и очекувањата за финалната средба на Светската боксерска супер серија во полутешка категорија меѓу Маирис Бриедис (26-1) и Јуниер Дортикос (24-1) станаа уште поголеми.

Бриедис ја држи титулата на ВБО, додека Дортикос е шампион на ИБФ, а победникот од средбата ќе грабне уште една светска титула. Светскиот боксерски совет (ВБЦ) објави дека ослободениот од Александр Усик жолто-зелен појас исто така ќе биде во игра.

Така што еден од нив ќе си замине со три од четирите титули во полутешката категорија. И четвртиот појас е слободен, но сè уште е нејасно каква ќе биде неговата судбина.

33-годишниот Дортикос го реши Ендрју Табити во полуфиналниот меч, а 34-годишниот Бриедис го победи Кристоф Гловацки, за да си обезбеди место во финалето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО