Холифилд чувствува дека е во одлична форма на 58 години

Ивандер Холифилд продолжува со силни тренинзи внатре и надвор од теретаната, подготвувајќи се за неговото враќање на рингот. Легендарниот боксер, кој вчера наполни 58 години, преку објава на социјалните мрежи изјави дека чувствува оти е во одлична форма, дури и на оваа возраст.

Потсетуваме, тренинзите на „Воинот“ го водеа легендарните боксери од блиското минато – Владимир Кличко и Антонио Тарвер, како и фитнес-гуруто Ентони Родос.

„58 или 28 се уште се чувствувам одлично. Благословен сум“, напиша Холифилд на својот Инстаграм профил, додавајќи моментална фотографија и една на 28-годишна возраст.

https://www.instagram.com/p/CGitowcl3JX/?utm_source=ig_embed

Ивандер Холифилд е една од најголемите легенди на професионалниот бокс. Неодамна, единствениот боксер во историјата во тешка категорија, кој стана четирикратен светски шампион, го најави своето враќање во рингот. Само тој, досега стана апсолутен светски шампион и во полутешка и во тешка категорија.

Пред некое време, Мајк Тајсон откри дека се враќа за да учествува на демонстративен натпревар. Подоцна стана извесно дека Тајсон ќе се бори со Рој Џонс Јуниор, а дали ќе видиме трет судир помеѓу Диносаурусот и Холифилд останува да видиме!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО