Хабиб призна дека имал тежок тренинг камп

Хабиб Нурмагомедов призна дека поминал низ тежок тренинг камп. Овој викенд, непоразениот шампион во лесна категорија ќе се бори против привремениот првак Џастин Гејџи во главната борба на УФЦ 254. Хабиб беше поддржуван од татко му Абдулманап во текот на целата кариера, но за прв пат треба сам да се справи со ситуацијата.

Неговиот татко почина по неколку месеци по долго боледување. Ова ќе биде 29-та битка на шампионот, кој сака да го исполни тестаментот на својот татко и да стигне до 30 победи без пораз.

На социјалните мрежи, Дагестанецот изјави дека не било лесно, но трпеливоста и напорната работа ќе му помогнат викендов.

„Ако треба да бидам искрен, тогаш ќе кажам дека имав тежок тренинг камп. Тешко беше и физички и психички. Никој не може да го запре времето. Само трпеливоста и напорната работа ќе ми помогнат на УФЦ 254“, напиша Хабиб.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО