Херн: Вајлдер најверојатно е следниот за Џошуа, притисокот ќе биде преголем

Промоторот на Ентони Џошуа вели дека има само две опции за следната борба на шампионот на ВБА, ИБФ и ИБО во тешка категорија.

Еди Херн изјави дека ако ЕЏ го победи ВБО шампионот Џозеф Паркер 31март во Кардиф, најверојатно ќе следи нов меч за обединување против ВБЦ првакот Дионтеј Вајлдер и титулата за неприкосновен шампион во тешка категорија.

Американецот покрај рингот во Велс ќе го гледа дуелот на Џошуа со Новозеландецот.

„Мислам дека одговорот најверојатно е да“, изјави Херн за Лос Анџелес тајмс.

„Ќе има голем притисок за таа борба, не само од навивачите, туку и од Ентони Џошуа. Луѓето не го знаат како го знам јас. Тој ја сака таа борба. Тој гледа на Вајлдер како на некомплициран борец. Нема страв. Сега знаеме дека Вајлдер има големо срце. Помлад, посвеж човек уверливо би го исчистил Вајлдер, но ако на Ентони Џошуа му пружите таква шанса застрашувачко е она што може да се случи. Ако Џошуа го  повреди Вајлдер како Ортиз … Пријателе, тоа нема да биде убаво за гледање“.

Промоторот е и среќен што борбата на Вајлдер со Ортиз имаше добар гледаност во Америка – 1,2 милиони гледачи на Шоутајм.

„Навистина сум задоволен. Тој станува се поголема ѕвезда и тоа е она што го сакаме. Ова е најголемата борба во светот на боксот. Ако не успееме да ја договриме борбата со Вајлдер, Ентони следната борба би требало да ја направи во Америка. Како потенцијален противник се споменува Џарел Милер.

„Опциите се да се бориме во август во САД против некого, а потоа Дионтеј Вајлдер или веднаш Вajлдер. Ако Вилдер биде следниот, борба ќе се одржи најверојатно во октомври или во ноември или декември“.

Самиот Џошуа не се огласува за време на тренинг кампот и за новите борби за титулата светски шампион во тешка категорија.

„Ентони на ум има само една работа, а тоа е Џозеф Паркер, тоа ќе биде борба да се наежите.

Да потсетиме дека е задолжителен предизвикувач на ВБА федерацијата Александар Поветкин, кој, најверојатно, ќе мора да ја чека својата шанса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО