Херн не се плаши од 50 милиони на Руиз, туку Џошуа сакал да се бори во Њујорк, шампионот ќе ја сонува оваа сума

Новиот шампион во тешка категорија Енди Руиз побара 50 милиони долари за реванш мечот со Ентони Џошуа во велика Британија, но менаџерот на Џошуа, Еди Херн, многу не е загрижен.

Според многумина и фановите, Херн е виновен за првиот пораз на Џошуа, однонсо дека дозволил/ го натерал да боксира по нокауот на спаринг мечот на една недела пред борбата, при што имал и потес на мозокот, за што зборува и новинарот Џо Роган.

Херн енергично ги отфрла овие шпекулации.

„Ми сметаат сите тие приказни по борбата. Џошуа не бил на ниво, бил нокаутиран на тренинзите, имал напад на паника… Сето ова се глупости. Дајте му малку заслуга на Енди Руиз. Беше фантастичен таа вечер и заслужено победи“, рече Херн.

Херн не е исплашен од сумата која ја побара Руиз.

„Ако ме прашувате мене, ќе го организирам реваншот во Велика Британија, но Џошуа сака да се врати на истото место каде се одржа првата борба, затоа што смета дека таму лошо одработил и тоа е местото каде треба да се поправи. Тој треба да одлучи, а ние ќе го реализираме тоа“, истакна неговиот промотор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО