Херн: Кличко ќе се пензионира, ако му понудам 2 милиона за реваншот

Менаџерот на Ентони Џошуа, Еди Херн, даде уште едно интервју во случај на многу очекуваниот реванш со Владимир Кличко, иако мечот уште не е договорен, бидејќи се уште се чека одговор на прашањето дали Украинецот ќе стави крај на својата кариера.

„По две недели ќе направиме официјално предлог до штабот на Кличко и ќе процениме што да правиме. Интересот е огромен, имаме понуди од Нигерија, Кина и Лас Вегас, кои сакаат да го организираат реваншот. Ќе мора да е нешто што ќе ги задоволи интересите и на двајцата боксери. Не може да му се јавам на Кличко и да му кажам дека ќе се бориме во некоја сала во мал град за вкупна добивка од 2 милиони и да очекувам тој да се согласи. Ќе се откаже во таков случај, но сосема ќе е поразлично, ако го поканиме на мегаспектакл во Лас Вегас, на кој дури и ќе заработи повеќе од претходниот меч. Значи, воопшто нема да се плашам дали ќе се согласи. За Ентони е поинаку, бидејќи тоа е почетокот на 8-годишното патување во кое сака да доминира. Во секој случај, сепак сакаме да направиме нешто посебно и сум оптимист дека работите ќе се средат“, рече Херн за списанието „GQ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО