Хаскинс ја одбрани титулата, а публиката го исвирка (ВИДЕО)

haskins-ja-odbrani-titulata

Ли Хаскинс (Англија) ја одбрани титулата на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) во перо категоријата.

Тој победи на поени против поранешниот носител на круната Стјуарт Хол (Англија) на галавечер во Лондон. Средбата беше многу оспорувана. Хаскинс имаше предност во првите шест рунди, но потоа неговиот противник доминираше.

Предизвикувачот ја заврши многу силно средбата, а, според дел од аналитичарите, тој заслужено ја освои круната. На истото мислење беа и навивачите во салата кои го исвиркаа победникот по прогласувањето на резултатот.

Хаскинс ја забележа 33-та победа (14 со нокаут), а има и 3 порази.

https://youtu.be/VztohdPcqAw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО