Јао Минг купи голем удел во Глори

jao-ming

Член на Куќата на славните на НБА, Јао Минг, купи голем удел во кик бокс организацијата Глори, објави ЕСПН.

Неговата компанија Јао капитал купи голем удел, но не е објавено во колкав процент.

Ова ќе биде дополнителна поддршка на Глори која се подготвува да одржува настапи на азискиот пазар.

Директорот на Глори, Џон Френклин, призна дека продажбата на УФЦ за 4 милијарди долари имала влијание врз сите боречки брендови во светот.

Јао капитал е основана оваа година од страна на Јао Минг и Дејвид Хана, поранешен директор на Ванда група и директор на Карлајл груп.

Поранешниот играч на Хјустон Рокетс сопственик на кошаркарскиот тим Шангај – Ајкули и на винарски визба во Калифорнија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО