Хасбула до Мек Грегор: Ќе те изедам со мојот планински дух

Дагестанскиот блогер Хасбула Магомедов, попозната како Хасбик, реагираше на уште една навредлива објава на борецот на УФЦ, Конор Мек Грегор.

„Озлогласениот“ во последната недела не престана да го храни 19-годишното момче кое изгледа како 5-годишно момче поради болест. На поранешниот двоен шампион тоа не му пречи и го навредува сонародникот на Хабиб Нурмагомедов.

Мек Грегор тврдеше дека Хасбула бил смрдлив морон кој бил производ на инцест. Во својата последна објава Конор се потсмеваше на Хасбула со меме, предизвикувајќи го гневот на агресивната младина.

„Вујко Дана Вајт и УФЦ, ве молам дозволете ми да го изедам овој страшливец Конор Мек Грегор.

Гладен сум и со планинскиот дух ќе го скршам. Мојот брат Хабиб веќе го скрши него и неговиот тим, на ред сум да се издигнам“, напиша Хасбула на социјалните мрежи.

Не е јасно кон што цели Конор со навредите кон Хасбула. Сепак, факт е дека секоја објава ја брише.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО