Хантер славеше со прекин против Устинов (ВИДЕО)

Мајкл Хантер (16-1, 11 КО) само два дена претходно ја прифати борбата со Александар Устинов (34-3, 25 КО) и ја постигна најголемата победа во кариерата.

Поранешниот предизвикувач за титулата светски шампион во лесно-тешка категорија, кој единствениот пораз го доживеа со судиска одлука против Александар Усик, во Монте Карло го победи 41-годишниот Белорусин со прекин во 9-тата рунда и ја освои слободната интернационална титула на ВБА во тешка категорија.

Хантер прв пат го соборуваше речиси 30 килограми потешкиот ривал со крошеа во осмата рунда, а потоа и со левицата во деветата рунда. Потоа од аголот на Белорусинот долета крпата.

На Устинов, на кого за оваа борба во аголот му беше поранешениот тренер на Сергеј Ковалева, Џон Дејвид Џексон, ова му беше втор последователен пораз. Во ноември минатата година загуби од Мануел Чар во мечот за „регуларната“ ВБА титула.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО