Андерсон Силва против Израел Адесања

Израел Адесања (15-0, 4-0 УФЦ) ја доби својата голема борба.

29-годишниот поранешен борец на Глори славеше во првите четири борби на УФЦ. Во последната во ноември во првата рунда го нокаутира Дерек Брансон.

Најголемиот предизвик во својата кариера нигериско-новозеландскиот борец ќе го има во Мелбурн на 10 февруари кога ќе се бори со Андерсон Силва (34-8, 17-4 УФЦ).

43-годишниот поранешен шампион во средна категорија во Австралија ќе настапи за прв пат по истекот на суспензијата од УСАДА. Последен пат се бореше во февруари минатата година и со едногласна одлука го порази Дерек Брансон.

Во главната борба на УФЦ 234 во Мелбурн, Роберт Витакер ја брани титулата во средна категорија Келвин Гастелум.

https://www.youtube.com/watch?v=jp5lBm5RKvk

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО