Хамзат Чимаев се степа со братучедот на Хабиб во Абу Даби (ВИДЕО)

Хамзат Чимаев уште еднаш покажа дека е дивјак, со кој тешко ќе се разбереме.

Чеченската ѕвезда беше во салата на УФЦ 280 што се одржа во Абу Даби. По победата на Ислам Махачев над Чарлс Оливеира Чимаев отиде да се пресмета со Абубакар Нурмагомедов, кој е братучед на Хабиб. Се појавија повеќе клипови на кои се гледа дека двајцата првично се држат за рака и разговараат.

Одеднаш Чимаев го турка Нурмагомедов, а потоа настанува мешаница. За среќа интервенира обезбедувањето и спречи сериозно нарушување на редот и мирот. На видеата можеме да го видиме и Хабиб како посегнува преку кафезот и вика во насока на својот братучед, а во исто време го гледа Чимаев.

Расправијата меѓу Хабиб и тимот на Чимаев датира повеќе од една година. Хамзат првично беше застапуван од Али Абделазиз, кој е менаџер на целиот тим на Нурмагомедов. Контроверзии се појавија откако Чимаев рече дека ќе го скрши Хабиб за време на пренос во живо на социјалните мрежи.

Ова доведе до разделување на Чимаев од Абделазиз. Потоа Абубакар изјави дека Чимаев јадел со нив, одел во џамија со нив, а потоа почнал да зборува за претепување. Абубакар го предупреди да биде внимателен со разговорот во објава на социјалните мрежи во мај 2021 година.

Очигледно, Чимаев не го заборавил предупредувањето на Абубакар. Секако дека постот на Нурмагомедов е основата на борбата. Еве клипови:

Видео

Видео

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО