Ислам Махачев: Хабиб и татко му ме создадоа

Ислам Махачев го препиша својот успех на Хабиб и Абдулманап Нурмагомедов.

Дагестанската ѕвезда се издигна во Абу Даби и стана нов шампион на УФЦ во лесна категорија. Махачев го заврши Чарлс Оливеира во нивната борба која беше водечка на УФЦ 280. Ислам го сруши Оливеира со тежок нокдаун и неколку секунди подоцна го натера да се предаде во втората рунда.

Со оваа победа ја продолжи серијата на 11 последователни победи. Махачев не заборава кој го донесе до врвот и во интервјуто по борбата им се заблагодари на Хабиб и неговиот покоен татко. Ислам му ја предаде титулата на Хабиб откако објави дека му ја посветува на Абдулманап.

„Цел живот се подготвував за овој момент и работев неверојатно напорно.

Да, Чарлс е воин, вистински борец, со неверојатни вештини. Но, јас сум подобар. Тој има најмногу завршници во УФЦ. Ме создаде Хабиб Нурмагомедов и неговиот татко“, изјави Ислам Махачев по борбата.

Потсетуваме дека таткото на Хабиб почина во средината на 2020 година. Во септември 2019 година Абдулманап беше забележан од Руската книга на рекорди за најуспешен борбен самбо тренер во земјата. Во текот на својата тренерска кариера тренираше вкупно 18 светски шампиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО