Ѓуро Илиќ одржа 120-минутно предавање на Светскиот семинар на Ол Јапонија будо асоцијацијата (ФОТО)

Истакнатиот македонски мајстор на боречките вештини Ѓуро Илиќ беше еден од предавачите на Севсткиот семинар на Ол Јапонија будо асоцијацијата што се одржа вчера од 21 до 23 октомври во Белград.

На семинарот учествуваа мајстори од Европа, Америка, Африка и Азија…

„Џудо, реал аикидо и џиу џицу, идентични и различноста во примена на техниките-практичен пресек е темата накоја одржав предавање. Јас го отворив семинарот и имав 120 минути активно предавање“, вели Илиќ.

Да потсетиме, Ѓуро Илиќ, носител на мајсторски појас 8 дан, на Светскиот семинар беше поканет од Ол Јапонија будо асоцијацијата, на кој учестуваше со претаставници од Будо центарот Пелистер од Битола-кој е единствено лиценциран од оваа светска асоцијација.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО