Хамикоев го чека пеколен ден!

Timur Hamikoev na EI merenje

Утре од нашите спортисти на борилиштата на Европските игри во Баку ќе се појават каратистот Мартин Несторовски и борачот во грчко-римски стил Тумур Хамикоев. Посовојувањето на бронзениот медал на Емил Павлов и тие се мотивирани да дадат се од себе и да обезбедат медали од оваа врвна приредба.Timur propusnica na EI

Хамикоев ако го мине 1/16 финалето, во 1/8 финале го чека бронзениот од Светското првенство Ненад Зугај од Хрватска.

-Расположени сме да дадеме голем отпор на Ненад Жугај , борацот со најзвучни титули во хрватскиот тим. Добро ги познаваме борачите, кои можат да се добијат на патот до Финалето. Дојдовме со желба да победиме и да ги израдуваме македонските љубители на борењето и на спортот, – вели селекторот во грчко-римски стил Љубиша Пешко

Како што вели Пешко, Тимур релаксирано и во добро расположение ги следел деншните финални борби во карате. Тој од вообичаеното оди порано на спиење поради различната временска разлика од 3 часа.

Pesko i Zubairtov so efendiev

-Доколку го поминеме бронзениот на Светското, Зугај, ни следува јакиот и искусниот Апс Еерик од Естонија. Утре не очекува пеколен ден, за да стигнеме до полуфиналето, каде што не чека моментално најдобриот борач на планетава Русинот Давид Чакветадѕе (-85 кг), – истакнува селекторот Пешко.

Борбата е некаде околу 7:30 часот по наше време, а останатите борачи настапуваат на 17-18 јуни.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО