Хадис Рамадани извојува уште една победа, ја чека борбата за титулата на ВКУ

Hadis po pobedata vo Adorf 2016

Вечерва Хадис Рамадани во категоријата до 67 килограми славеше против Германецот со турско потекло Емре Гок на кик бокс настанот Фајт најт во Адорф-Швајцарија, во организација на ВКУ-Швајцарија.

Тој на поени во три рунди беше подобар од Гок.

„Борбата беше многу добра. Германецот во третата рунда го испрартив во нокдаун“, изјави нашиот репрезентативец Хадис Рамадани.

Откако почна да настапува и на професионалниот ринг, пред се во Швајцарија, Хадис нема изгубено борба.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО