Хадис Рамадани: Задоволен сум од успехот, иако физички бев подготвен и за финале!

Hadis Ramadani na EP vo San Sebastijan 2015

Хадис Рамадани на Европското првенство во кик бокс за јуниори кадети во Сан Себастијан, Шпанија, го освои бронзениот и беше близу за пласман во финалето, со што ќе го подобреше минатогодишниот успех.

„Задоволен сум од постигантиот успех во Шпанија. Да се пласирав во финалето, мое лично мислење е, дека физички бев подготвен, но оклностите беа такви. Да не заборавиме дека мојот противник во 2014 година беше светски првак. И сега победи во финалето и стана европски првак“, истакнува Рамадани, откако легнаа работите и се средија мислите.

Тој вели дека нема да учествува на Државното првенство на 19 септември, затоа што се уште е јуниор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО