Пензионираниот шампион во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов е голем љубител на фудбалот и редовно ја игра оваа игра со своите пријатели.
32-годишниот борец се пензионираше претходно оваа година, откако реши да се повлече од титулата како непоразен шампион, откако во октомври успешно ја одбрани титулата против Џастин Гејџи.
После тоа, Дана Вајтер неколку пати се обиде да го врати Дагестанецот во Октабон, споменувајќи понуда од 100 милиони евра за борба против Флојд Мејведер во боксерски натпревар, но тој одби.
И додека Хабиб се откажуваше од борбите, тој дефинитивно не се предаде на фудбалскиот терен каде што уште еднаш покажа дека е талентиран и за таа игра.
Нурмагомедов објави кратко видео на кое постигнува гол на натпревар со пријателите, по што го „боцна“ легендарниот Роналдо да Лима Назарио.
„Кој се сеќава на Роналдо од 2008 година? Тој се здебели, но сепак беше моќен, ФК Легион Динамо Махачкала, ми треба малку мотивација, браќа”, рече тој на Инстаграм.
Во 2008 година, Роналдо беше член на Милан и уште тогаш имаше очигледни проблеми со тежината. Ова беше последен пат да игра во Европа, по што се врати во Коринтијанс каде ја заврши кариерата.
Инаку, рускиот нисколигаш ФК Камаз се обиде да го донесе Хабиб во своите редови претходно оваа година, но УФЦ борачот одби. Но, кој знае, можеби во иднина ќе игра фудбал на натпреварувачки натпревар, исто како Усеин Болт.