Јан Блахович ќе оди на нокаут против Гловер Тешеира

Јан Блахович планира да бара нокаут во борбата со Гловер Тешеира. Тие ќе се борат на УФЦ 266 кој е закажан за почетокот на септември. Блахович е во серија од пет последователни победи и во март ја одбрани титулата со победа над Израел Адесања.

Блахович победи на 9 од последните 10 борби и е со скор од 28-8 во ММА. Заврши 17 своите средби и загуби само 3 пати во кафезот. Јан очекува да се соочи со најдобрата верзија на Тешеира.

Искусниот ветеран од Полска сака борбата да се одржи во стој, за да бара нокаут. Очекува Гловер да бара борба во партер, но не се грижи за тоа.

„Ќе уживам во оваа битка, возбуден сум. Тешеира е добар борец со многу искуство. Мислам дека Гловер ќе биде неговата најдобра верзија во оваа борба, бидејќи тоа ќе биде неговата последна шанса да ја освои титулата. Тоа веројатно ќе биде една од последните битки во неговата кариера.

Мислам дека ќе даде се од себе да ме победи и морам да бидам подготвен. Ќе им покажеме на младите како се борат вистинските мажи. Мислам дека ќе се обиде да ме симне и да ме контролира во партер. Мојата цел ќе биде да се борам во стој и да го нокаутирам таму.

Ќе се обидам да го направам тоа. Ќе ги гледам неговите боксерски способности. Ако ме собории, тогаш ќе се обидам да станам. Нема да паничам затоа што имам добро џиу џицу. Ако се појави шанса, тогаш ќе се обидам да го завршам. Ќе се обидам да ја задржам борбата во стој и да го нокаутирам“, рече Блахович.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО