Бадр Хари повторно во добра форма пред Глори 78

Легендата Бадр Хари е повторно во многу добра физичка форма пред неговата следна битка во Глори. 36-годишниот ветеран ќе се бори против Аркадиуш Вжосек на Глори 78 на 17 јули во Ротердам.

Хари има скор 106-15-1 во рингот и ќе ја бара првата победа во Глори. Тој е во серија од 3 последователни порази и нема победа веќе 6 години. Бадр загуби две борби против Рико Верховен поради повреди, а водеше во картичките на судиите.

Последен пат го видовме „Лошото момче“ на крајот на 2020 година во битка со Бенџамин Адегбуи. Хари беше близу до победа во втората рунда, но во третиот Адегбуи успеа да го испрати во два нокдауни и победи со нокаут откако Бадр одби да продолжи.

Бадр победи 92 противници со нокаут, но е далеку од неговите најдобри години. Во секоја борба во Глори беше во добра форма, но сепак не победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО