Хабиб посака на Макрон „Семоќниот да му го унакази лицето“

Најдобриот борец на денешницата, Хабиб Нурмагомедов му посака на францускиот претседател Емануел Макрон „Семоќниот да го унакази неговото лице“.

„Господ нека го унакази лицето на ова суштество и на сите негови следбеници, кои под слоганот на слободата на говорот ги осквернуваат чувствата на повеќе од милијарда и пол муслимански верници. Нека Семоќниот ги понижи во овој живот и во идниот. Алах е брз во пресметувањето и ќе го видите тоа… Верувајте ми, овие провокации нема да излезат на добро, резултатот секогаш ќе биде на страната на богобојазливиот“, напиша Хабиб Нурмагомедов на својот Инстаграм.

Самиот Хабиб Нурмагомедов отсекогаш се спротивставувал на радикалните исламистички ставови.

Останува да видиме како светот ќе реагира на неговите денешни многу остри зборови упатени кон претседателот на Франција Емануел Макрон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО