Киро Здравески добиник на Диплома „3 Ноември“ за постигнувања во џудо спортот

Претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општина Прилеп, Тони Камчески, на прес конференција ги соопшти имињата на добитниците на наградите „3 Ноември“, кои Општина Прилеп ги доделува по повод Денот на ослободувањето на градот.

Диплома „3 Ноември“ доби Киро Здравески за постигнувања во областа на џудо спортот.

Инаку „Златна плакета за животно дело добија новинарот Миле Талески и пустхумно за особен придонес и создавање трајни вредности во музичката уметност на Нина Спирова.

За покажана посветеност, одговорност и пожртвуваност при справувањето со пандемијата на Ковид-19, награда Плакета „3 Ноември“ им се доделува на:

  • Одделот за инфектологија при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп;
  • Службата за итна медицинска помош и домашно лекување при ЈЗУ Здравствен дом Прилеп;
  • Одделението за трансфузиона медицина – Прилеп при ЈЗУ ИТМ на РСМ;
  • Одделението за епидемиологија при Центар за јавно здравје Прилеп.

За покажана висока општествена одговорност во справувањето со пандемијата на Ковид-19, добитник на Плакета „3 Ноември“ е компанијата „ГИФТИ ТЕКС“ ДООЕЛ Прилеп, а за придонес во заедницата преку младински волонтеризам и хуманитарни активности, Плакета „3 Ноември“ добива ЛЕО КЛУБ Прилеп.

Добитници на Дипломи „3 Ноември“ се:

  • Ванѓел Здравески, член на медицинскиот тим кој ја изврши првата трансплантација на срце во РСМ;
  • Асен С. Стаменов, за особен придонес во развојот на литературното творештво;
  • Киро Здравески, за постигнувања во областа на џудо – спортот;
  • Андон Јованоски – Ашата, за постигнувања во областа на театарската уметност.

Постхумно, Диплома „3 Ноември“ му се доделува на Вељко Силјаноски, основоположник на македонската фонетика, фонологија и компаративна книжевност.

Наградите на добитниците и на нивните семејства ќе им бидат доделени на свечената седница на Советот на општина Прилеп, која согласно протоколите за организирање настани ќе се одржи во вторник, 3 ноември со почеток во 12:00 часот, во големата сала на Општина Прилеп.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО