Тешки удари за професионалните боксери од пандемијата на Ковид-19

Професионалниот бокс повторно е погоден од глобалната пандемија Ковид 19, бидејќи многу земји издаваат наредби за затворање на спортски сали, како и јавни организации. Оваа наредба влијае на психички, физички, но и финансиски на спортистите, тренерите и промоторите, кои се принудени да ги затворат спортските сали и да ги откажат своите мечеви и закажаните настани, вели малдиот професионален менаџер Авдил Салихи.

Според него, чувството е лошо поради постојаните проблеми со организирање на мечеви за неговите боксери.

„Слободно можам да кажам дека за време на пандемија најмалку 10 натпревари морав да ги откажам, затоа што секогаш се случуваше нешто неочекувано и тоа беше голем удар за самите боксери кои се подготвуваа, можеби три месеци и во последната недела беше донесена одлука за откажување“, вели Салихи, образложувајќи дека само големите глобални компании можат да се соочат со создадената ситуација, бидејќи продаваат „плтени гледања“ (плати па гледај – ППГ), за што ќе треба да извојат одредена сума преку Интернет. Тој констатира дека на ваквите спектакли има место само за боксери со добри скорови, што е навистина проблем да се проникне.

„Со еден збор, боксерите се „уништени“ од ситуацијата и доколку продолжи ваквата состојба, мое мислење е дека многу боксери ќе бидат принудени да ги напуштат активните спортови, бидејќи нема да бидат активни со тренинзи и тоа многу ќе влијае на нивната психа и физички подготовки. Потоа ќе биде тешко повторно да се активираат“, смета Авдил.

Тој посочува дека во многу земји профи боксот забранет, а во други без публика.

„Кај нас, жално, но нема профи бокс организирања. Догодина имаме план со Дарко Чатлески да почнеме со организирање на борби и во Македонија. Тргнуваме од нула, за да почнеме да работиме во про боксот“, истанува Салихи.

Тој се надева дека наскоро ќе се најде вакцина или пандемијата ќе исчезне сама по себе, а спортистите ќе се вратат таму каде што припаѓаат, во рингот, каде што знаат најдобро да се борат за животот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО