Хабиб откри чии удари биле најболни: Тој удира како камион

Џастин Гејџи и Мајкл Чендлер неодамна им приредија на фановите на ММА фантастична борба исполнета со акција од првиот до последниот звук на сирената.

Гејџи победи на настанот УФЦ 268 во Њујорк со едногласна одлука на судиите и веројатно ја освои позицијата на следен предизвикувач во борбата за титулата.

Чендлер доби многу удари од Џастин во текот на 15-те минути од борбата, а по борбата доби вкупно – 22 конци!

А дека Џастин удира силно потврди и поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов.

Непоразениот Дагестаннец неодамна откри чии удари биле најболни…

„Џастин Гејзи удира како камион. Никој никогаш не ме удрил толку силно како него. Неговите ножни удари и тупаници се многу болни. Му дозволив да ме удри бидејќи сакав да го изморам во борба на нозе. Мојот план беше да го соборам на партер и да го натерам да се предаде“, изјави Хабиб Нурмагомедов, кој ја имаше последната борба против Гејџи.

Дагестанецот го победи Американецот на УФЦ 254 во Абу Даби минатиот октомври и по трет пат го одбрани шампионскиот појас.

По триумфот, тој објави крај на кариерата бидејќи и ветил на мајка си дека нема да се бори повторно откако татко му Абдулманап почина од последиците на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО