Хабиб Нурмагомедов: Ви кажав дека Конор Мек Грегор е силувач

Хабиб Нурмагомедов реши да ја коментира веста за пресудата на Конор Мек Грегор.

Мек Грегор беше прогласен за виновен за силување на Никита Ханд. Поротата на Високиот суд во Даблин го прогласи за виновен и судот му наложи на Конор да плати отштета од 248.603,60 евра. Конор одби да се изјасни за виновен и напиша на социјалните мрежи дека ќе поднесе жалба. Тој има рок од 28 дена да поднесе жалба на одлуката на судот.

Веќе во 2019 година Нурмагомедов излезе со објава во која напиша дека Мек Грегор е силувач. Хабиб тогаш предвиде дека порано или подоцна правдата ќе го најде Ирецот. Сега 5 години подоцна тоа се случи и „Орелот“ не потсети дека бил во право.

„Силувач, ти си силувач. Ти си лицемер кој не одговара за твоите постапки. Правдата ќе те најде. Ќе видиме“, напиша Хабиб уште во 2019 година.

Хабиб и Мек Грегор се бореа во 2018 година. Нивната борба продаде милиони платени прегледи и стана најголем во историјата на УФЦ. Хабиб го победи со завршница. Оттогаш, Мек Грегор не престанува да упатува навреди кон Дагестанецот, иако се повлече од ММА во 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО