УФЦ му посвети видео на Миочиќ за неговото пезнионирање, Петар Јан го совлада Фигуердо

Американскиот борец со хрватски корени Стипе Миочиќ загуби пред седум дена во мечот од шампионот на УФЦ во тешка категорија против Џон Џонс.

На УФЦ 309 Боунс победи со прекин во третата рунда и ја одбрани титулата, а Стипе по мечот најави крај на кариерата.

Една недела подоцна, промоцијата објави видео посветено на најдобриот тешкаш во историјата по повод неговото пензионирање.

Видеото беше емитувано за време на настанот УФЦ Фајт најт 248 што се одржа во Макао, каде што Петар Јан го победи Дејвсон Фигуердо со едногласна одлука на главниот настан.

https://twitter.com/ChampRDS/status/1860296916887601367

Резултати од настанот УФЦ Фајт најт 248:

Петар Јан – Деивсон Фигуердо – едногласна одлука (50–45, 50–45, 50–45)
Ју Су јанг – Табата Ричи – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Муслим Салихов – Синг Кенан – КО (кружен удар), Р1 (3:45
Габриела Фернандез – Ванг Конг – техничка завршница (гушење од позади),Р2 (3:49)
Карлос Улберг – Волкан Оездемир – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Џанг Мингјанг – Ози Дијаз – ТКО (лакт и удари), Р1 (2:25)

Прелиминарни:
Ти Су-јанг – Баергенг Жилејиси – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Чои Донг-хун – Киру Синг Сахота – КО (удари), Р1 (2:36)
Ши Минг – Фенг Ксијаокан – КО (удар со глава), 3. рунда (0:46)
Карлос Хернандез – Нјамјаргал Тумендемберел – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Лопер Кавана – Хозе Очоа – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Ксијао Лонг – Куанг Ле – КО (удар), Р3 (1:28)
Николас Мота – Махешате Хајисаер – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО