На Гранд при Скопје сениорите Јовановска и Шаќири победници во отворените категории-Сансаи Метал Апостолов најуспешен клуб

На Меѓународниот карате турнир Гранд при Скопје, со кој се одбележа 50-годишнината на Карате клуб „Цветан Димов“ и беше посветен на Игор Лазарев најмногу успех имаа каратистите од Македонија кои освоија 181 медал – 49 златни, 50 сребрени и 82 бронзени. На второто и третото местои се Косово 14 (4-2-8) и Црна Гора 3 (2-10).

По клубови најуспешен е Сансаи Метал Апостолов 41 (15-10-16), па следат Ускана 5 (5-0-0), Штип 9 (4-3-2), Кизаме 9 (4-2-3), Галдијатор 11 (3-4-4) итн.

Пласмани ТУКА

Турнирот се одржа утре во салата на ОУ „Антон Димитров“ во Бутел, а победниците во отворените/ апсолутните категории добија парични награди во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција во борби, како и во кати во сениори.

Во отворените категории победници се:

Кадети

Душица Бреслиева – Штип
Јован Врклевски – Кизаме

Јуниори

Кенза Фетаи – Шогун
Филип Стојанов – Партизан-Кочани

Сениори

Викторија Јовановска – Макпетрол
Недим Шаќири – Ринија

Кати

Лира Алили – Гостивар доџо
Филип Антонов – Чоле

Сите резултати по категории ОВДЕ

На турнирот учествуваа 448 каратисти со 572 натпреварувачки влезови од 62 клуб од 11 држави. Од Македонија ќе настапат 392 каратисти со 506 натпреварувачки влезови.

На отворањето беа министерот за спорт Борко Ристовски, грдоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, претседателот на Македонската карате федерација Дејан Чолески.

По повод 50-годишнината на КК Цветан Димов првиот човек на клубот Јован Лазарев додели признанија и плакети на заслужни личности и каратисти.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО